Веб-страницата е падната, што се случува?
Закана со која се соочени голем дел од НВО-та, независните медиуми и блогерите е нивниот глас кон публиката да е загушен бидејќи веб-страницата е падната или пак хакирана. Ова е фрустрирачки проблем и може да е резултат на лошо одржувана веб-страница, лош хостинг провајдер, script-kiddies, DDoS напад или хакирана веб-страница. Овој дел од Дигиталната прва помош ќе ве поведе низ неколку чекори за дијагоностицирање на потенцијалните проблем преку материјали од My Website is Down
Важно е да се знае дека постојат повеќе причини поради кои вашата веб-страница може да е падната. Од технички проблеми кај
компанијата која го хостира вебсајтот до не ажуриран Систем за управување со содржини (CMS) како Џумла или Вордпрес. Наоѓањето на проблемот и можните решенија
може да биде тешко и комплицирано. Добра практика е да се контактира администраторот на вебсајтот или пак хостингот по дијагностиката
на овие чести проблеми подолу. Доколку никој од овие опции не ви е достапна, побарајте помош од организации накои може да им верувате.
Расмислете
На почеток, размислете:
- Кој ја има направено вашата веб-страница? Дали се достапни за помош?
- Дали е креиран користејќи Вордпрес или друга CMS платформа?
- Кој е вашиот хостинг? Доколку не знаете, може да ја користите оваа алатка за помош.