ДПП / Теми / Добив сомнителна порака

Во случај да сте ги внеле вашите акредитиви, вашите профили може да бидат изложени на ризик!

Ако мислите дека вашиот профил е загрозен, препорачуваме да го следите работниот тек на Дигиталната прва помош за компромитирани профили.

Ви предлагаме да ја известите заедницата за оваа фишинг кампања и да ја споделите сомнителната порака со организации што можат да ја анализираат.

Дали би сакале да споделите информации за пораката што сте ја добиле или ви е потребна дополнителна помош пред да го сторите тоа?

Повеќе совети

Првото правило што треба да го запомните: Никогаш не давајте лични информации преку меил. Ниту една институција или банка нема да ги побара овие информации преку е-пошта. Можеби не е секогаш лесно да се каже дали некоја е-пошта или веб-страница е легитимна, но има неколку совети што можат да ви помогнат да ја процените е-поштата што сте ја примиле.

  • Чувство на итност: сомнителните меилови обично предупредуваат на ненадејна промена за одреден профил и ве замолуваат веднаш да дејствувате за да ги верификувате податоците.
  • Во содржината на е-поштата, може да видите барања што ве упатуваат да „верификувате“,„да го ажурирате вашиот профил“ или фрази како „неуспехот да ги ажурирате записите ќе резултира во суспензија на профилот“. Вообичаено, ниту една веродостојна организација на која сте ги дале вашите податоци нема да побара од вас повторно да ги внесете, па затоа не паѓајте во оваа стапица.
  • Внимавајте на несакани пораки, прилози, линкови и страници за најавување.
  • Внимавајте на граматички грешки и гршки при спелување.
  • Кликнете за да ја погледнете целосната адреса на испраќачот, а не само прикажаното име.
  • Внимавајте на скратени линкови - тие можат да кријат злонамерен лник.
  • Кога ќе го поставите глувчето на линкот, на поп-ап прозорче или на дното на прозорецот на пребарувачот се прикажува вистинската URL адреса до која ќе стигнете доколку кликнете на него.

Ресурси

Следат голем број ресурси што помагаат во забележување на сомнителни пораки и избегнување на фишинг.

Ресурси