Добив сомнителна порака

Може да примите_сомнителни_ пораки во вашата е-пошта, на социјални медиуми и/или на апликации за пораки. Најчеста форма на сомнителни меилови се за фишинг меиловите. Фишинг меиловите имаат за цел да ве измамат да ги откриете личните, финансиските информации или информации за профил. Можеби ќе ве замолат да посетите лажна веб-страница или да повикате лажен број на услуга за клиенти. Фишинг меиловите исто така може да содржат прилози кои инсталираат злонамерен софтвер на вашиот компјутер кога ќе се отворат.

Ако не сте сигурни за автентичноста на пораката што сте ја добиле или што да направите во врска со неа, можете да го користите следниов прашалник како водич за понатамошно дијагностицирање на ситуацијата или за споделување на пораката со надворешни доверливи организации што ќе овозможат подетална анализа на вашата порака.

Имајте на ум дека доколку добиете сомнителен меил не мора да значи дека вашата е-пошта е загрозена. Ако мислите дека меилот или пораката е сомнителна, не ја отворајте. Не одговарајте на меилот, не кликајте на какви било линкови и не преземајте никакви прилози.