Покрај вашите сопствени профили, вашиот уред најверојатно ќе има информации и за останати лица. Ова може да вклучува ваши контакти, комуникации со други, групи за разговори и сл.
Кога размислувате да ја информирате вашата мрежа и заедница во врска со изгубениот уред, користете принципи за намалување на штети за да се осигурате дека со тоа што ќе контактирате со останатите нема да ги изложите на поголем ризик.
Информирајте ја вашата мрежа за изгубениот уред. Ова може да се направи приватно со клучни контакти со висок ризик, или преку објавување список на потенцијално компромитирани профили јавно на вашата веб-страница или на социјалните медиуми, доколку сметате дека е соодветен чекор.