• Најдете поддршка
  • За сајтот
  • Само-грижа
  • [mk]
    • [en]
    • [sq]
ДПП / Теми / Го загубив уредот

Размислете за што сте го користеле овој уред - дали има чувствителни информации на овој уред, како што се контакти, локација или пораки? Дали доколку овие податоци бидат јавно споделени можат да предизвикаат проблеми за вас, за вашата работа или за другите ?

Во некои случаи, би било корисно да се избришат податоците од уредот на притворено лице од далечина со цел да се спречи злоупотребата и користењето на податоците против нив. Во исто време, ова може да биде проблематично за притвореното лице (особено во ситуации кога е можно тортура и малтретирање) - особено ако притвореното лице било принудено да овозможи пристап до уредот, доколку податоците одеднаш исчезнат од уредот може да изгледа уште посомнително. Ако се соочувате со слична ситуација, прочитајте го дел "Someone I know has been arrested"

Исто така, вреди да се напомене дека во некои земји бришење податоци од далечина може да има правни последици, бидејќи може да се толкува како уништување на докази.

Ако сте свесни за директните правни последици за сите вклучени во целава ситуација, можете да продолжите со обидот да направите далечинско бришење податоците на уредот, следејќи ги упатствата за вашиот оперативен систем:

  • Уреди со Android
  • iPhone или Mac
  • Уреди со iOS (iPhone и iPad) преку употреба на iCloud
  • Уреди со Windows
  • Blackberry телефони
  • За уреди со Windows или Linux, можеби имате инсталирано софтвер (како на пример софтвер против кражба или антивирус) кој ви овозможува од далечина да ги избришете податоците и историјата на вашиот уред. Ако е така, искористете го.

Без разлика дали сте успеале од далечина да ги избришете информациите на уредот, добра идеја е да ги известите вашите контакти.

  • Продолжете со следните чекори за да најдете совети за тоа како да ги известите вашите контакти за изгубениот уред.
◂ Претодно прашање
Creative Commons License
  • Симнете го веб-сајтот
  • Gitlab repo
  • За сајтот