Честопати вашите „изгубени“ податоци се податоци што едноставно се бришат - случајно или намерно. Проверете ја кантата за отпадоци (Recycle Bin или Trash) на вашиот компјутер. На уредите со Android, изгубените податоци може да ги најдете во директориумот LOST.DIR. Ако исчезнатите или изгубените датотеки не се наоѓаат во кантата за отпадоци на вашиот оперативен систем, можно е тие да не се избришани, туку да се на различна локација од очекуваното. Обидете се да ги лоцирате со функцијата за пребарување во вашиот оперативен систем .
Исто така проверете и скриени датотеки и папки, бидејќи податоците што сте ги изгубиле може да бидат таму. Еве како можете да го направите тоа на Mac и Windows. За Linux, одете во вашиот домашен директориум (home directory) во управувач со датотеки (file manager) и притиснете Ctrl + H. Можете да ги видите скриените датотеки исто така на Android и iOS.
Обидете се да го пребарате точното име на изгубената датотека. Ако тоа не функционира, или ако не сте сигурни за точното име, можете да пробате „пребарување со џокер“ (Wildcard search) (т.е., ако изгубивте датотека docx, но не сте сигурни во името, можете да пребарувате
* .docx
) што ќе собере само датотеки со наставката.docx
. Подредете според Date Modified со цел брзо да ги лоцирате најновите датотеки кога користите опција за „пребарување со џокер“.Покрај тоа што ги пребарувате изгубените податоци на вашиот уред, запрашајте се дали сте испратиле си испратиле преку е-пошта до некого или сте ги споделиле со некого (вклучително и самите себе) или пак некогаш сте ги додадале на облакот. Ако случајот е таков, можете да извршите пребарување таму и можеби ќе можете да го преземете документот или некоја претходна негова верзија.
За да ги зголемите вашите шанси за враќање на податоците, престанете веднаш да ги користите вашите уреди. Континуираното пишување на хард драјвот може да ги намали шансите за наоѓање/враќање на податоците.
Како ги загубивте податоците?