Ги загубив податоците

Дигиталните податоци можат да бидат многу кратковечни и нестабилни и постојат многу начини на кои можете да ги изгубите. Физичко оштетување на вашите уреди, прекин на постоењето на профилите, погрешно бришење, ажурирања на софтвер и паѓања на софтверот, сите овие случаи може да предизвикаат губење на податоците. Покрај тоа, понекогаш можеби нема да бидете свесни за тоа како работи вашиот бекап систем или едноставно сте ги заборавиле вашите податоци за најава или на начинот за пронаоѓање или обновување на вашите податоци.

Во овој дел на Дигитална прва помош се содржат неколку основни чекори за да дијагностицирате на кој начин сте ги загубиле податоците, како и потенцијални стратегии за да ги вратите.

Во продолжение следува прашалник што ќе ви помогне да ја идентификувате природата на вашиот проблем и да пронајдете можни решенија.