Некој се претставува во мое име на интернет

Заканата со која се соочуваат многу активисти, бранители на човековите права, невладини организации, независни медиуми и блогери се противници кои се претставуваат во нивно име и кои креираат лажни профили, веб-страници или е-пошта на нивно име. Ова понекогаш се прави со цел да се создадат кампањи за уништување на репутацијата, да пласираат погрешни информации, или да украдат нечиј идентитет со цел да се создаде бучава, недоверба и да се нарушат податоците што влијаат врз угледот на поединците и колективите. Ова претставува фрустрирачки проблем што може да влијае на различни нивоа на вашиот капацитет за комуникација и информирање и може да има различни причини во зависност од тоа каде и на кој начин некој се претставува во ваше име.

Важно е да знаете дека постојат многу начини да се претставувате во нечие име (како на пример лажни профили на социјалните медиуми, клонирани веб-страници, лажна е-пошта, неодобрено објавување на лични слики и видеа). Стратегиите може да се движат од поднесување на известувања за преземање, докажување на оригинална сопственост, тврдење за поседување авторско право на оригиналната веб-страница или информациите или предупредување на вашите мрежи и лични контакти преку јавни или доверливи канали за комуникација. Дијагностицирање на проблемот и изнаоѓање можни решенија за може да биде комплицирано. Понекогаш и нема да успеете да убедите мала компанија за хостирање да ја изгасне веб-страница, па правни активности може да бидат неопходни. Добра практика е да поставите предупредувања и да го набудувате интернетот за да откриете дали вие или вашата организација сте нападнати од некој кој се претставува во ваше име.

Оваа секција од Дигитална прва помош ќе ви покаже неколку основни чекори за да ги дијагностицирате потенцијалните начини на претставување како некој друг и потенцијални стратегии за отстранување на профили, веб-страници и е-пошта на лица што се претставуваат како вас или вашата организација.

Доколку некој се претставува како вас, следете го овој прашалник за да ја идентификувате природата на вашиот проблем и да пронајдете можни решенија.