Дали сте мета на вознемирување на интернет?

Интернетот, а особено социјалните медиуми, станаа критичен простор за членовите на граѓанските организации, особено за жените, ЛГБТИК лицата и другите малцинства, да се изразат себеси и нивните гласови да бидат слушнати. Но, во исто време, на овие платформи овие групи на лица лесно стануваат мети поради искажувањето на своите ставови. Насилството и злоупотребата преку интернет им го ускратува правото на жените, ЛГБТИК лицата и многу други непривилегирани лица да се изразат подеднакво слободно и без страв.

Насилството и злоупотребата на интернет имаат многу различни форми, а сторителите често може да се потпрат на неказнивост поради недостаток на закони што ги штитат жртвите на вознемирување, но најмногу од сè затоа што стратегиите за заштита треба да бидат креативно адаптирани на видот на нападот што се случува.

Затоа е важно да се идентификува типологијата на нападот насочена кон нас за да одлучиме какви чекори можеме да преземеме.

Овој дел страницата Дигитална прва помош ќе ви презентира неколку основни чекори за да испланирате како да се заштитите од нападот што ви се случува.

Доколку сте мета на вознемирување на интернет, следете го овој прашалник за да ја идентификувате природата на вашиот проблем и да пронајдете можни решенија.