Загубив право на пристап на мојот профил

Употребата на социјалните медиуми и комуникациските медиуми е широко распространета помеѓу членовите на граѓанското општество за комуникација, споделување на знаење и застапување на нивните цели. Како последица на тоа, ваквите профили се многу често таргетирани од злонамерни чинители, кои честопати се обидуваат да ги компромитираат овие профили, предизвикувајќи штета на членовите на граѓанското општество и нивните контакти.

Ова упатство служи за да ви помогне во случај да загубите право на пристап до некој од вашите профили бидејќи тој бил компромитиран.

Во продолжение следува прашалник што ќе ви помогне да ја идентификувате природата на вашиот проблем и да пронајдете можни решенија.