ДПП / Само-грижа

Се чувствувате презаситени?

Онлајн насилството, заканите и другите видови на дигитални напади можат да создадат чувство на презаситеност и да доведат до многу деликатни емоционални состојби: може да се чувствувате виновни, засрамени, вознемирени, лути, збунети, беспомошни, па дури и да се плашите за вашата психолошка или физичка благосостојба.

Не постои „правилен“ начин за тоа како треба да се чувствувате, бидејќи вашата состојба на ранливост и тоа што значат вашите лични информации за вас се разликуваат од личност до личност. Секоја емоција е оправдана и не треба да се грижите дали вашата реакција е вистинската или не.

Првото нешто што треба да го запаметите е дека она што ви се случува не е ваша вина и не треба да се обвинувате себеси. Можеби треба да исконтактирате некому кому му верувате, кој може да ве поддржи во решавањето на овој итен случај.

За да го ублажите онлајн нападот ќе треба да соберете информации за тоа што се случило, но не мора да го правите тоа сами - доколку имате личност во која имате доверба, можете да ги замолите да ве поддржат додека ги следите упатствата дадени на оваа веб-страница или да им дадете пристап до вашите уреди или профили за да соберат информации наместо вас.