Лице кое го познавам е уапсено
Апсењата на бранителите на човековите права, новинарите и активистите ги ставаат самите нив и оние со кои работат и живеат во голем ризик.
Овој водич е специјално ориентиран кон земји во кои областа на човекови права е неразвиен процес и не посоти правна процедура, каде властите можат да ги заобиколат сите правните процедури, или кон земји во кои недржавните актери функционираат слободно, притворувањата или апсењата претставуваат поголем ризик за жртвите, нивните колеги и роднини.
Со овој прирачник имаме за цел да ја намалиме опасноста со која се соочуваат и да го ограничиме пристапот на притворениците до чувствителни податоци што можат да ги инкриминираат жртвите и нивните колеги, или кои можат да се користат за компромитирање на други операции.
Грижата за притвореникот како и за дигиталните влијанија на овој притвор може да биде предизвик што исцрпува. Обидете се да најдете лица кои ќе ве поддржат и да ги координираат вашите постапки со засегнатата заедница.
Исто така, важно е да се грижите за себе и за другите погодени од ова апсење, преку:
- taking care of your psycho-social well-being and needs,
- добивање поддршка за кампања во име на притвореното лице
Ако се чувствувате технички или емотивно презаситени или (од која било причина) не сте во можност да ги следите чекорите наведени подолу, ве молиме контактирајте ги наведените организации за поддршка и упатства овде кои нудат и почетна тријажа.
Направете план
Пред да ги прочитате и да дејствувате според различните делови што ги презентираме подолу, ве молиме направете ги следниве чекори:
- Обидете се да го прочитате целиот водич и да добиете преглед на сите важни области на влијание пред да преземете акција за одредени аспекти. Причината е тоа што во различни делови се истакнуваат различни сценарија на закана кои може да се преклопуваат, така што ќе треба да изградите ваш сопствен редослед на активности.
- Одвојте време со пријателите или тимот за извршување на различните проценки на ризик што се потребни во различни делови.
Подгответе се пред да дејствувате
Дали имате причина да верувате дека ова апсење или притвор може да доведе до реперкусии врз членовите на семејството, пријателите или колегите на затвореникот, вклучително и врз самите вас?
Овој водич содржи низа чекори што ќе ви помогнат да обезбедите решенија што можат да помогнат во намалувањето на изложеноста на притворениот и на секој што е вклучен во ова апсење.
Совети за координирана реакција:
Во сите ситуации кога некое лице е приведено, прво нешто што треба да се забележи е дека честопати кога се случуваат вакви инциденти, неколку пријатели или колеги реагираат одеднаш, што резултира во удвоени или противречни напори. Значи, важно е да се запамети дека координацијата и усогласената акција, на локално и меѓународно ниво, се неопходни и за да се поддржи притвореникот и за да се згрижат сите други во рамките на мрежите за поддршка, семејството и пријателите.
- Формирајте кризен тим кој ќе ги координира сите активности за поддршка, грижа, кампања и сл.
- Вклучете ги членовите на семејството, партнерите, и други колку што е можно повеќе (почитувајќи ги нивните граници ако, на пример, доколку тие се презаситени).
- Воспоставете јасни цели за вашата кампања за поддршка (и прегледувајте ги често): на пример, можеби ќе сакате да постигнете ослободување на притвореникот, да ја обезбедите нивната благосостојба или да ги заштитите семејството и приврзаниците и да ја обезбедите нивната благосостојба како ваши непосредни цели.
- Договорете се за безбедни комуникациски канали и фреквентност, како и ограничувања (на пр. нема комуникација помеѓу 10 и 8 часот, освен за нови вонредни состојби или ударни вести).
- Поделете ги задачите меѓу членовите на тимот и контактирајте со трети страни за поддршка (анализа, застапување, работа со медиуми, документација и сл.).
- Побарајте дополнителна поддршка надвор од „кризниот тим“ за исполнување на основните потреби (на пр. редовни оброци, итн.)
Претпазливост во однос на дигиталната безбедност
Доколку имате причини да се плашите од последици за себе или за другите поддржувачи, пред да се справите со какви било дигитални вонредни состојби поврзани со приведувањето на вашиот пријател, клучно е исто така да преземете некои превентивни чекори во однос на дигиталната безбедност за да се заштитите себе си и другите од непосредна опасност.
- Договорете се кои (безбедни) комуникациски канали вашата мрежа на приврзаници ќе ги искористи за координирање на поддршката и комуникација за притвореникот и понатамошните реперкусии.
- Намалете ги податоците на вашите уреди на потребниот минимум и заштитете ги податоците на вашите уреди со енкрипција.
- Создадете безбедни, шифрирани бекапи на сите ваши податоци и чувајте ги на место што не може да се најде за време на пребарувања или дополнителни задржувања.
- Споделете ги лозинките за уредите, онлајн профилите, итн. со лице на кое му верувате и кое не е во непосредна опасност.
- Договорете се за постапките што треба да се преземат (како деактивирање на профили, бришење на уредот од далечина итн.) како прв чекор при вашиот можен притвор.
Проценка на ризик
Намалете ја можната штета предизвикана од сопствените постапки
Во принцип, треба да се обидете да ги основате своите активности на следново прашање:
- Кои се влијанијата на единечните и комбинирани дејствувања врз притвореникот, но и врз неговата заедница, колеги активисти, пријатели, семејство и слично, вклучително и врз вас?
Секој од следниве делови ќе прикаже посебни аспекти на оваа проценка на ризик.
Основните размислувања се следниве:
- Пред да ги избришете профилите, податоците, трагите на социјалните медиуми, итн., бидете сигурни дека сте ги документирале содржината и информациите што ги бришете, особено ако можеби треба да ја вратите таа содржина или информација, или ви требаат подоцна како докази.
- Ако избришете профили или датотеки, бидете свесни дека:
- Властите може да го толкуваат ова како уништување или отстранување докази
- Ова би можело да ја отежни состојбата на притвореникот, доколку тој/таа даде пристап до овие профили или фајлови, а надлежните не можат да ги најдат, бидејќи приведениот тогаш би изгледал неверодостоен и дејствијата против него/неа може да бидат предизвикани од ова бришење.
- Доколку информирате некои лица дека нивните лични информации се чуваат на уред или профил запленет од властите и доколку оваа комуникација е пресретната, ова може да се користи како дополнителен доказ за врската со притвореникот.
- Промените во начините на комуникација (вклучително и бришење на профили, итн.) можат да го привлечат вниманието на надлежните органи.
Информирање на контакти
Во принцип, невозможно е да се утврди, дали органите имаат капацитет да ја мапираат контактната мрежа на притвореникот и дали тие го сториле тоа или не. Значи, ние мора да претпоставиме дека се случува најлошото сценарио, дека тие го сториле тоа или ќе го сторат.
Пред да започнете да ги информирате контактите на притвореникот, ве молиме проценете го ризикот од нивно информирање:
- Дали имате копија од списокот на контакти на притвореникот? Можете ли да проверите кој е на нивниот список со контакти на нивните уреди, на нивната е-пошта и на платформите на социлајните мрежи? Составете список на можни контакти за да добиете преглед за тоа на кому може да влијае доколку го информирате.
- Дали постои ризик дека информирањето за контакти може да ги поврзе со притвореникот и тоа може да се (зло)употреби од страна на органите против притвореникот?
- Треба ли секој да биде информиран, или само одредена група на луѓе од листата на контакти?
- Кој ќе информира одредени контакти? Кој е веќе во контакт со некого? Кое е влијанието на оваа одлука?
- Воспоставете го најбезбедниот канал за комуникација, вклучително и лични состаноци на места каде нема CCTV надзор за информирање на имплицираните лица.
Документирајте за да имате докази
Пред да избришете содржина од веб-страници, од социјални медиуми и сл., можеби ќе сакате да се осигурате дека сте ги документирале претходно. Причина за документирање би било да се забележи каков било знак или доказ за злоупотребени профили - како дополнителна содржина или содржина за претставување со нечие име- или пак содржина што ви е потребна како правен доказ.
Во зависност од веб-страницата или платформата на социјалните медиуми каде сакате да документирате активности или онлајн податоци, може да користите различни пристапи:
- Можете да направите слики од екранот на соодветните делови (проверете дали временските ознаки, URL адресите, и сл. се гледаат на сликите).
- Може да проверите дали релевантните веб-страници или блогови се внесени во Wayback Machine или да ги преземете веб-страниците или блоговите на вашиот локален уред.
Запомнете дека е важно да ги чувате информациите што сте ги презеле на безбеден уред чуван на безбедно место.
Запленување на уред
Ако некои од уредите на притвореното лице биле конфискувани за време или по апсењето, ве молиме прочитајте го упатството ги изгубив уредите, особено делот за бришење од далечина, вклучително и препораките во случај на притвор.
Инкриминирање на онлајн податоци и профили
Доколку приведениот на своите уреди има информации што можат да му наштетат или пак да им наштетат на други лица, добра идеја е да се обидете да го ограничите пристапот на притвореникот до овие информации.
Пред да го сторите тоа, споредете го ризикот од оваа информација со ризикот што го предизвикува сценариото безбедносните сили да биде вознемирен поради недостаток на пристап до оваа информација (или преземање на правно дејство заради уништување на докази). Доколку ризикот од овие информации е поголем, можете да продолжите да ги отстранувате релевантните податоци и/или затворање/деактивирање и бришење профили следејќи ги упатствата подолу.
Затворање/деактивирање на онлајн профили
Доколку имате пристап до профилите што сакате да ги затворите, можете да ги следите процесите за различни профили. Ве молиме, проверете дали имате резервна копија или бекап на избришаната содржина и податоци! Бидете свесни дека по затворањето на профилот, содржината нема да веднаш да биде недостапна: на пример, доколку станува збор за Фејсбук профил, процедурата може да потрае и две недели за да се избрише содржината од сите сервери.
Доколку немате пристап до профилите на притвореникот или ви треба поитно дејствување за профилите на социјалните медиуми, ве молиме побарајте помош од организациите наведени овде кои нудат безбедност на профилот.
Избришете ја врската помеѓу профилите и уредот
Понекогаш можеби ќе сакате да ја избришете врската помеѓу профилите и уредот, бидејќи оваа врска може да му даде пристап до чувствителните податоци на секој што го контролира тој уред. За да го направите ова, можете да ги следите овие упатства.
Не заборавајте да ја избришете врската до онлајн банкарските сметки од уредот.
Променете ги лозинките
Доколку одлучите да не ги затворите или деактивирате профилите, сепак може да е корисно да ги промените лозинките следејќи ги овие упатства.
Исто така размислете да поставите и дво-факторска автентикација за да ја зголемите безбедноста на профилите на притворениот следејќи ги овие упатства.
Во случај да биле користени истите лозинки на различни профили, треба да ги промените сите лозинки на тие профили затоа што тие исто така може да станат компромитирани.
Други совети за менување на лозинки
- Користете управувач за лозинки (како KeepassXC) за документирање на сменетите лозинки за понатамошна употреба или за истите да ги предадете на притвореникот по неговото/нејзиното ослободување.
- Запаметете да му кажете на притворениот, најдоцна по ослободувањето, за променетите лозинки и вратете им ја сопственоста.
Отстранете ги членствата од сите групи и отстранете ги споделените фолдери
Доколку приведениот е во каква било група (како на пример но не ограничувајќи се на) групи на Фејсбук, WhatsApp, Signal или Wire групи за разговори, или може да пристапи до споделени фолдери на итернет, а присуството во овие групи му дава на притворениот пристап до привилегирани и потенцијално опасни информации, можеби ќе сакате да ги отстраните од групите или споделените онлајн простори.
Упатства за тоа како да отстраните некого од група на различни услги за инстант пораки.
- Telegram
- На уред со iOS: лицето што ја создало групата може да ги отстрани учесниците со избирање на „Информации за групата“ - Group Info и лизгање на лево на корисникот што сакаат да го отстранат.
- на уреди со Android: изберете ја иконата молив. Изберете „Членови"- Members - изберете ги трите точки до името на членот што сакате да го отстраните и изберете „Отстрани од групата"- Remove from group.
- Wire
- Сигнал - не можете да ги отстраните учесниците од групите на Signal - она што можете да го направите е да создадете нова група, исклучувајќи го уапсеното лице.
Упатства за тоа како да избришете споделени фолдери на различни онлајн услуги.
- GDrive- прво, пребарајте ги датотеките со користење на операторот за пребарување „до“-to: (
до:корисничкоиме@gmail.com
), потоа изберете ги сите резултати и кликнете на иконата Сподели- Share. Кликнете Напредно - Advanced, отстранете ја адресата од дијалогот и зачувајте. - Dropbox
- iCloud
Бришење на информации од профили
Во некои случаи, можеби ќе сакате да отстраните содржина од тајмлајн на различни профили на притворениот или од други извори што се поврзани со нивниот профил, затоа што може да се злоупотреби како доказ против нив или да создадете збунетост и конфликт во заедницата, како и да се употребат како оружје за дискредитирање на притворениот.
Некои услуги го олеснуваат бришењето на објавите од профилите. Упатствата за Твитер, Фејсбук и Инстаграм се дадени подолу. Ве молиме, проверете дали сте ја документирале содржината што сакате да ја избришете, доколку можеби сѐ уште ви затребаат како доказ.
- За Twitter може да користите Tweet Deleter.
- За Facebook може да го следите овој водич, базиран на апликацијата за пребарувачот Chrome што се вика Nudge.
- За Instagram можете да ги следите овие упатства(но имајте на ум дека лицата кои имаат пристап поставките на вашиот профил ќе можат да ја видат историјата на повеќето ваши интеракции дури и по бришење на содржина).
Избришете штетни онлајн контакти и споменувања на притворениот
Ако има какви било информации на Интернет каде се именува притвореникот што може да има негативни импликации за него/неа или нивните контакти, добра е идејата да се избришат доколку ова нема дополнително да му наштети на притворениот.
- Направете список на мрежни платформи и информации што треба да се отстранат или променат.
- Ако идентификувавте содржина што треба да се отстрани или измени, можеби ќе сакате да ја направите резервна копија пред да продолжите со нејзиното бришење или со барања за бришење.
- Проценете дали отстранувањето на името на притворениот може да има негативно влијание врз нивната состојба (на пр. отстранување на неговото/нејзиното име од списокот на персоналот на една организација може да ја заштити организацијата, но може да ја отстрани и оправданоста за притворениот, на пример фактот дека тие работеле за таа организација).
- Доколку имате пристап до соодветните веб-страници или профили, сменете ги или отстранете ги чувствителните содржини и информации.
- Доколку немате пристап, побарајте луѓето што имаат пристап да го сторат тоа.
- Можете да најдете упатства за отстранување на содржина од Google услугите овде.
- Проверете дали веб-страниците што содржат информации се индексирани Wayback Machine или Google Cache. Ако е така, оваа содржина треба исто така да се отстрани .
Онлајн банкарски сметки
Многу често, банкарските сметки се управуваат и пристапуваат преку интернет, а верификацијата преку мобилни уреди може да биде неопходна за трансакции или дури и само за пристап до онлајн сметката. Доколку приведениот не пристапува до своите банкарски сметки подолг временски период, тоа може да има импликации за финансиската состојба на притворениот и нивната можност за пристап до сметката. Во овие случаи, направете ги следниве чекори:
- Избришете ги запленетите уреди од банкарската сметка/и на притвореникот.
- Добијте овластување и полномошно од страна на притворениот за да може да ракувате со нивната банкарска сметка во нивно име уште на почеток на процесот (во договор со нивните роднини).
Завршни совети
- Вратете ја целата сопственост на податоци на притворениот откако ќе биде пуштен на слобода.
- Прочитајте ги овие совети за тоа како да се справите со запленети уреди, откако тие ќе бидат вратени на сопственикот.