Добредојдовте на


Дигиталната брза помош!


Алатка дизајнирана да стигнете до вистинскиот CiviCERT тим

Дигиталната прва помош е бесплатен ресурс кој ќе им помогне на луѓе кои помагаат во итни ситуации, обучувачи за дигитална безбедност, и активисти со техничка експертиза да подобро се заштитат себе си и заедниците кои ги поддржуваат против најчестите типови на дигитални проблеми. Исто така може да биде користен и од активисти, бранители на човечки права, блогери, новинари или медиумски активисти кои сакаат да научат како да се заштитат себе си и како да им помогнат на другите. Ако Вие или некој на кого му помагате има дигитален проблем, Дигиталната брза помош ќе ве насочува во дијагностицирањето на проблемите кои ги имате, и ќе ви понуди поддршка од организации кои нудат помош доколку ви треба тоа.

Со кој проблем се соочувате?

Одберте го проблем со кој се соочувате и Дигиталната прва помош ќе ве води низ сет на прашања за подобро да се дијагностицира проблемот и да се најдат ресурси кои ќе ви помогнат. За проблеми кои не можете сами да ги решите, Дигиталната прва помош има листа од организации со кои може да се консултирате.

ШТО ДРУГИ Е ПОТРЕБНО ДА ЗНАЕТЕ?

Дигиталната прва помош не е замислена како крајно решение за сите Ваши дигитални итни случаи. Ако не сте сигурни како да ги решите проблемите со кои се соочувате, Ве молиме контактирајте ја листата на организации со кои може да се консултирате.

СЕ ОСЕЌАТЕ ПРЕПЛАВЕНИ ОД СТРЕС?

Онлајн вознемирувањето, заканите, и другите типови на дигитални напади создаваат огромен тован врз Вашите чувства и здравје. Прочитајте гисоветите од Водичот за само-грижа за да најдете повеќе ресурси и организации за поддршка и ублажување на проблемите.

КОЈ ЈА ИМА ИЗРАБОТЕНО И ОДРЖУВА ДИГИТАЛНАТА БРЗА ПОМОШ?

Овој ресурс е заеднички производ на Rapid Response Network иCiviCERT. Видете јастраната За насза дополнителни информации. Дигиталната брза помош е проект со отворен код и е отворен за надворешна соработка.